Салмонела е причината за труењето во Драчево

Скопје, 1 септември 2014 (МИА) - Салмонела е причината за труењето од сендвичарницата во Драчево, потврди денеска Инфективната клинка. Хоспитализираните пациенти се во стабилна состојба, а нови не се примени.

- Времето на инкубација и сите лабораторско-клинички параметри покажаа дека се работи за салмонела, Бактериската инфекција ја нема кај сите пациенти бидејќи сите не дошле во исто време и од нив не е пратен материјал за испитување во исто време, изјави проф. д-р Снежана Стојковска од Инфективната клиника.

Според неа, овој случај веќе треба да се смета за затворен. Нови болни не се очекуваат, но сите пациенти со салмонелозна инфекција, и хоспитализираните и останатите, вкупно 39, ќе бидат следени во наредните три до шест месеци за да се спречи евентуално натамошно ширење на болеста со оглед дека меѓу заразените има дечиња од сите возрасти и возрасни вработени.

- Кога ќе се постигне клиничка санација, како во случајов, не значи дека е постигната и бактериолошка санација, објасни Стојковска.

Салмонелата е класична зооноза, бактерија што живее во животните. Поради тоа, за луѓето најризична е храната од животниско потекло, месо, млеко и нивни преработки, слатки, сладоледи, мајонези, кечапи,... - Не би требало да се јадат овие продукти непорверени, не чувани на соодветна температура, порача професорката.

Од вторникот до завчера 39 пациенти се обратиле до Клиниката за инфективни болести. Од нив 12 се хоспитализирани меѓу кои и 29-годишна трудница. Сите, како што потврдиле, јаделе иста храна. Дел од нив ќе бидат пуштени дома.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...