Во Мала Речица средба на Ахмети со Рајхел

претставник на германската Влада

Тетово, 2 септември 2014 (МИА) – Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во партиското седиште во тетовска Мала Речица се сретна со Ернст Рајхел, претставник на германската Влада за Западен Балкан.

- На денешната средба го поздравив самитот во Берлин организиран од Владата на Германија, како и активностите на МНР на оваа земја и канцеларката Ангела Меркел за нивниот интерес за регионот на Западен Балкан. Ние сме охрабрени од оваа активност на Германија која има за цел нашата земја и регионот што е можно побрзо да станат дел од обединета Европа. Разговаравме и за меѓуетничките односи како многу значајно прашање за мир, стабилност и сигурност во нашата земја. Ние интензивно работиме за унапредување на овие односи, но и особено унапредување на меѓусебните односи помеѓу двете најголеми заедници на Албанците и Македонците, како една од основите од кои зависи иднината во нашата земја. Разговаравме и за реформите во судството, независноста на медиумите и слободата на говорот, рече Ахмети.

Посета на Рајхел доаѓа само неколку денови по конференцијата што се одржа минатиот четврток во Берлин, посветена токму за Западниот Балкан.

- На толку голема конференција не може интензивно да се разговара само за вашата земја и затоа дојдов тука. Во моите разговори и во Скопје и во Тетово опфативме три значајни теми – меѓуетничките односи, приближување на вашата земја кон ЕУ и односите во земјата за ова прашање, како и прашањето за името. И во Скопје и во Тетово имавме искрени и интензивни разговори на овие теми кои се одвиваа во пријателски дух што е една од карактеристиките на нашата надворешна политика, изјави Рајхел.

Ахмети, одговарајќи за состојбите по одбивањето на ДПА да се врати во Парламентот, рече дека местото на ДПА е во Парламентот и оти е потребно што е можно побргу тие да се вратат во институциите на системот каде треба да се дебатира за сите проблеми. Тој не го коментираше одбивањето на Тачи за помирување, само напомена дека за кој било проблем треба да се седне и да се разговара.

Околу можноста за зачленување на Македонија во НАТО на следниот самит, Ахмети нагласи дека тоа останува висок приоритет за ДУИ како придобивка за мирот, стабилноста и економскиот раст на државата и отиа ДУИ продолжува да работи овој значаен момент да се случи што е можно поскоро. Меѓутоа, според Ахмети, на следниот самит на НАТО приоритет ќе бидат состојбите во Украина и други светски прашања.

- За Македонија нема потреба од организирање на нов самит на НАТО бидејќи Македонија има отворена покана за зачленување што зависи од случувањата помеѓу нас и Грција околу прашањето за името. Ние треба што побрзо заеднички да работиме со меѓународната заедница за решавање на овој проблем и Германија има значајна улога во помирувањето помеѓу нас и Грција, рече Ахмети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...