Собранието ги донесе измените на Законот за здравствена заштита

Скопје, 2 септември 2014 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 12. седница ги донесе измените на Законот за здравствена заштита со кои на здравствените работници им се овозможува доброволно да го продолжат работниот однос и тоа жените до 65 години, а мажите до 67 години.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека измените се прават со цел усогласување на законот со Законот за работни односи.

Пратеникот Сашо Василевски оцени дека се работи за позитивно законско решение со кое за одреден период би се задржала кадровската екипираност во здравствените институции.

- Само по основ на старосно заминување во пензија, до 2019 година треба да заминат околу 1.279 доктори, специјалисти, универзитетски професори што би претставувало сериозен удар врз здрвствениот систем, истакна Василевски.

Во прво читање беше прифатен и Предлог-законот за прогласување на старото градско јадро во Кратово за културно наследство од особено значење.

- Автохтониот, духовен и културен развој на Кратово имал влијание врз повеќе сегменти во овој град. Сите вредности кој ги поседува градот како историските, архитектонските, историските, уметничките и социолошките карактеристики го прават Кратово еден од најзначајните споменици на културата, посочи заменик-министерот за култура Драган Неделковиќ.

Законот содржи одредби со кои е утврден специфичен режим на заштита на споменичката целина со цел е да се спречи неговото оштетување или уништување.

Собранието го донесе и дополнувањето на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а ја почна расправата по Годишниот извештај за работата на Советот за превенција од детско претстапништво според кој во 2013 година се бележи зголемување за 19 проценти на бројот на малолетници кои дошле во судир во законот во споредба со 2012 година.

- Овој годишен извештај се презентира во време кога во Република Македонија имаме регистрирано 22 илјади деца во ризик, три илјади деца на кои им е изречена некаква мерка, а 96 проценти од децата на кои им е изречена некаква мерка потекнуваат за жал од комплетни семејства, нагласи Миле Гиновски, претседател на Државниот совет за превенција на детско претстапништво.

Седницата ќе продолжи по редовната едночасовна пауза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...