Општина Битола го објави конкурсот за наградата „4-ти Ноември“

Битола, 2 септември 2014 (МИА) - Општина Битола денеска го објави конкурсот за доделување на највиското општинско признание наградата „4-ти Ноември“ за 2014 година.

Наградата „4-ти Ноември“ се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото што претставуваат посебен придонес во развојот на општината.

Од општина Битола информираат дека наградата се доделува во две категории, односно награда за едногодишни постигнувања, и награда за животно дело која претставува заокружена, континуирана творечка целина.

Конкурсот за доделување на највисокото општинско признание - наградата „4-ти Ноември“ е отворен до 1. октомври, а врачувањето и промоцијата на наградените ќе се одвива на свечена академија која традиционално се организира на 4-ти ноември - Денот на ослободувањето на Битола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...