Претседателот Иванов го прими македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ

Скопје, 2 септември 2014 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ по повод неодамнешното искачување на врвот К2, на Хималаите. Претседателот Иванов му честиташе на  Дејановиќ кој е првиот алпинист од Република Македонија што го искачи К-2, еден од најопасните планински врвови во светот.

- Секој ваков успех е за почит и претставува мотив за нови достигнувања. Вие најдобро знаете дека искачувањето на секој врв е огромен предизвик кој може да се совлада само со верба во себе, посветеност и со пожртвуваност. Среќен сум што нашата земја има безброј вакви позитивни примиери, затоа што спортските успеси се тие со кои сите млади луѓе се идентификуваат, рече претседателот Иванов на средбата, додавајќи дека и во иднина ќе продолжи безрезервно да ги поддржува ваквите успеси.

Дејановиќ се заблагодари за укажаната чест и внимание од македонскиот претседател, ги сподели впечатоците и искуствата од искачувањето на Хималаите, како една од најсуровите планини во светот, и од врвот К2, кој досега го искачиле само 300 планинари во светот. Алпинистот истакна и дека Република Македонија нуди прекрасни предели за развој на планинарството и алпинизмот и дека тоа треба максимално да се искористи.

- Важно е човек да си ги знае своите лимити и во согласност со нив да си ги поставува целите. Почнав со малите планини, чекор по чекор, скалило по скалило, дојдов до највисоките врвови. Со последното достигнување навистина се чувствувам исполнето, и за следната година планирам нови подвизи, изјави алпинистот Дејановиќ.

Здравко Дејановиќ во 2010-та го искачи Монт Еверест, а мината година се обидел да го совлада и К-2, но времеските услови не го дозволиле тоа. Годинашното достигнување беше дел од меѓународната експедиција сочинета од Иранецот Реза Шахале и Шерпасот Мингма Гајле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...