Грците се уште не можат да заборават дека Попоски во Велс беше најавен како МНР на Македонија

Атина, 16 септември 2014 (МИА) – Грчките медиуми последните денови ретко се занимаваат со името на нашата земја, но она што никако не се заборава е најавата на министерот Попоски на самитот на НАТО во Велс како министер за надворешни работи на Македонија.

Еден од последните коментари на оваа тема е објавен на информативниот портал „Ризопулос Пост“, а автор е грчки пензиониран вицеадмирал, почесен командант на грчката поморска академија и претседател на Грчкиот институт за стратешки студии.

- Грчките гледачи со големо изненадување на вести ја гледаа официјалната најава на министерот за надворешни работи на ПЈРМ, како министер за надворешни работи на „Македонија“ на самитот на НАТО во Обединетото Кралство на  4 септември годинава. Инцидентот му се препиша на најавувачот. Дури и ако го прифатиме ова објаснување, зошто генералниот секретар на НАТО Расмусен, но главно домаќинот британскиот премиер Камерон, не побрза да ја исправи „грешката на најавувачот“, туку едноставно го поздрави министерот од Скопје со бакнежи, прегратки и широка насмевка ?, пишува во коментарот и се додава дека „треба да се напомене дека, за жал, високи претставници на Грција не реагираа веднаш на никаков начин на очигледно намерната институционални грешка“.

По ваквиот инцидент според авторот, „просечниот Грк заклучува дека НАТО генерално и Велика Британија не се солидарни со една земја членка и наместо тоа, ја поткопуваат“.

- Дали британската „чувствителност“ за немешање во „внатрешните“ работи на други држави, како и  „правото“ на самите Скопјани за самопределување, ја надминува усогласеноста на институциите и на НАТО и европската солидарност ?, прашува авторот, кој очигледно има спротивно мислење од грчките власти кои повеќе пати повторија дека прашањето за името „не е билатерален проблем“.

Грчкиот вицеадмирал пишува дека британските и другите пријатели во НАТО „сигурно знаат оти државата на Скопје е составена од Словени и Албанци... оти за време на Студената војна тогашната Југославија и го даде името „Социјалистичка Република Македонија“  и системски ја создаваа 'македонска нација' “.

- Незаинтересираноста и поддршката на  нашите сојузници (повеќето имаат воспоставено дипломатски односи на билатерално ниво, со името „Македонија“), на создадените лаги со иредентистичка природа, е насочена против нашата земја, која се обидува да се одбрани, со релевантни аргументи, пишува авторот.

Тој порачува дека „би било добро Западните пријатели да внимаваат на нивниот став кон важните прашања  од национален интерес во странство и внатре во Грција, затоа што таквиот став го мачи се уште силното прозападно грчко јавно мислење и ја ослабува прозападната аргументација“.

- Нема да наштети ако Западот реално размислува за мноштвото геополитички предности кои ги обезбедува Грција, како и веројатноста дека не и се дадени засекогаш, со оглед на тоа што во политиката не постојат еднонасочни улици и како што истакнаа нашите флегматични британски „пријатели“, во меѓународните односи не постојат константни непријатели и пријатели, туку само основни национални интереси, заклучува авторот во коментарот објавен во „Ризопулос Пост“ .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...