Конкурс за 20 стипендии за МБА програмата на Сити колеџот во Солун

Скопје, 16 септември 2014 (МИА) - На порталот за стипендии на Министерството за образование и наука (HYPERLINK "http://www.stipendii.mon.gov.mk"www.stipendii.mon.gov.mk) денеска е објавен конкурс за доделување 20 стипендии „Борис Трајковски“ за вонредни магистерски студии по бизнис-администрација (МБА програма) на Сити колеџот во Солун, кој е дел од Универзитетот Шефилд од Велика Британија.

Стипендијата е целосна и во вредност од 14.890 евра, а по половина од износот обезбедуваат Владата на РМ и Сити колеџот од Солун. Протоколот за доделување на стипендиите за 2014/2015 денеска го потпишаа претседателот Ѓорге Иванов, заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и директорот на Сити колеџот Јанис Верверидис.

Студиите се од насоките маркетинг, општ менаџмент, финансии, логистичка поддршка или менаџмент во здравството. Наставата е во еден викенд во месецот. Кандидатите ќе ги избере комисија составена од по еден претставник од потписниците на протоколот.

Претседателот Ѓорге Иванов, под чие покровителство се доделуваат стипендиите „Борис Трајковски“, на потпишувањето истакна дека знаењето и образованието не познаваат граници и се дел од отворен простор кој создава луѓе со отворен ум кои, како што рече, во предизвиците гледаат можност, а во соседот гледаат пријател.

- Особено сум горд што овие стипендии го носат името на покојниот претседател Борис Трајковски, кој на регионот му понуди светоглед на дијалог, како предуслов за градење доверба и заедништво меѓу луѓето, државите и народите. Очекувам стипендистите да го надградат своето знаење и да покажат дека градењето квалитетни високообразовани кадри е секогаш исплатлива инвестиција. На Република Македонија и се потребни лидери во областа на бизнис-администрацијата, менаџментот, маркетингот, финансиите. Не се сомневам дека токму преку овие студии, стипендистите ќе се доизградат во врвни претприемачи и менаџери со успешна кариера, но и со одговорност кон општеството кое инвестирало во нив, истакна Иванов.

Директорот на Сити колеџот Јанис Верверидис  рече дека во изминатите над десет години, откога претседателот Борис Трајковски го иницираше доделувањето на стипендиите, доделени се околу 150 стипнедии во различни сектори и дека дипломираните со своето знаење придонесуваат  за развој на земјата и економијата.

- Им нудиме единствена можност да студираат и добијат мастер-диплома од Универзитетот Шефилд, кој е рангиран на 69 место во светот според најновите резултати и на 25-тото место во Европа и регионот, што покажува дека е еден од најуспешните. Тоа е универзитет со пет добитници на Нобеловата награда, рече Верверидис.

Заменик-министерот Ристовски соопшти дека рокот за аплицирање до МОН е до 15 октомври. Во конкурсот се наведени критериумите за избор на кандидатите, меѓу кои да се македонски граѓани, да се постари од 24 години и да имаат најмалку три години работно искуство.

Ристовски е задоволен од соработката со Сити колеџот за кој рече дека е еден од најзначајните партнери на МОН во областа на високото образование.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...