За хидроакумулациската мрежа планирани 200 милиони евра

Штип, 16 септември 2014 (МИА) - Вкупно 200 милиони евра ќе се вложат во хидроакумулациската мрежа. Ова е предвидено со десетгодишната Програма што беше разгледана денеска на јавна расправа во Штип.

- Секоја година ќе се инвестираат по 20 милиони евра во изградба на системи за наводнување и ревитализација на постоечките системи за наводнување, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостпанство Михаил Цветков.

Како што информира, тендерот за чистењето на каналската мрежа низ земјава е завршен, а ќе се исчистат околу 140 километри од каналите преку кои пристигнува водата до земјоделските површини.

На новинарско прашање дали ќе се обесштетат земјоделците од Лакавичкиот регион кој вчера го зафати силен дожд, Цветков одговори потврдно.

- Оваа година е доста дождлива. Штетите во сите области се огромни. Во Ресен имаше град и јаболкото е уништено 50 проценти. И грозјето има огромни проблеми. Предвидувањата се дека родот е преполовен. Проблеми има и кај градинарските култури на отворено, пиперката, патлиџанот. Ги сумираме резултатите за да видиме колкави се штетите и согласно средствата со кои располагаме, земјоделците ќе бидат обештетени, објасни министерот.

Според него, веќе е донесена одлука за зголемување на субвенциите за 3.000 денари на земјоделците кои имаат над 10 хектари пченица токму поради лошите временски услови и потфрлувањето на приносите на лебното зрно. Будно се следи и состојбата со болеста син јазик кај овците, козите и говедата. Официјално до минатата недела угинале околу 1.300 овци.

- Се очекува бројот да се зголеми додека траат овие топли и влажни временски услови. Болеста ќе се шири се додека условите за комарецот дојден од Турција се поволни. Нема друго решение освен поладни денови кога тој ќе угине, а тоа ќе значи и стопирање на болеста, рече Цветков.

Министерот смета дека сточарите кај кои се појави болеста син јазик треба да добијат обештетување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...