Реконструиран граничниот премин „Богородица“

Скопје, 16 септември 2014 (МИА) - Целосно реконструирана управната зграда и придружните објекти на граничниот премин „Богородица“. Проектот се реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013 од Инструментот за предпристапна помош (ИПА), а е финансиран од страна на Европската унија, со финансиско учество  на Владата на Република Македонија.

Реконструкцијата, со која е извршена санација на покривот, столаријата, фасадата, како и ново поставената опрема за регулирање на сообраќајот ќе придонесе за поголема функционалност, зголемен квалитет на услугите и контролите на возилата и патниците, поголема безбедност и олеснување на минувањето на државната граница.

Преку граничниот премин годишно минуваат над 3 милиони патници во двете насоки и сообраќаат над 200.000 товарни превозни средства.

Од Царинската управа посочуваат дека во иднина, со поддршка на Европската унија и на Владата на Република Македонија, ќе реализира уште два проекта за надградба на објектите за царинење на граничните премини Табановце и Ќафасан.

На настанот присуствуваше делегација од Генералниот директорат за проширување на Европската комисија (ЕК), предводена од Дејвид Кален, како и високи претставници од делегацијата на Европска Унија во Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...