На 42. Остен Биенале на цртеж 2014 аплицирале автори од 53 држави

Скопје, 16 септември 2014 (МИА) - На 42. Остен Биенале на цртеж 2014 пристигнале 1.416 дела на 474 автори од 53 земји. Најголем број апликации се од Македонија, а според бројноста следуваат дела од Црна Гора, Полска, Србија и од Бугарија.

Остен Биенале свечено ќе биде отворено во четврток во галеријата  „Остен“, кога ќе бидат врачени наградите. Наредниот ден, во изложбениот салон на МАНУ, ќе  биде отворена  изложба на селектираните автори на Биеналето на цртеж. Се работи за дела од 150 македонски и странски автори.

Остен веќе ги соопшти двете главни награди: Гран-при за животно остварување за Марина Абрамовиќ (Црна Гора/САД) која, како што најави организаторот, ќе има видеообраќање на отворањето на Биеналето, а Шпанецот Хуан Миро е добитник на  наградата Светско културно наследство.

За годинашните награди и за селектирањето на делата кои се претставени во каталогот за Биеналето на цртеж 2014 одлучи интернационално жири во состав: Павле Пејовиќ (Црна Гора), Николас Тау  (САД) и Анита Халдеман (Швајцарија).

Според одлука на жирито, првонаградени се авторите: Ана Плавинскаја од САД за цртеж,  Јармила Вешовиќ-Рус од Франција/Црна Гора за сликарство на хартија,  Бранислав Бркиќ од Србија за графика, Александра Косон од Полска за млад уметник и Игор Јосифов од САД за оригинално дело на хартија.

Пјер Пинончели од Франција и Сафет Зец од Босна и Херцеговина се добитници на наградата  Уметник на светот (Награда на САВУ - Светска асоцијација на визуелни уметности). Анка Буриќ од Црна Гора ја добива наградата на ИФМУ (Интернационална фондација за музика и уметност).

Посебни признанија на жирито им се доделуваат на Душан Перчинков од Македонија за високи уметнички достигнувања и Александар Рафајловиќ  од Црна Гора за уметнички достигнувања.

Со „Златен остен“ се наградени: Лукаш Герлак од Полска,  Соња Б. Мешер од Обединето Кралство, Клаудија Завада од Полска,  Трајана Панајотова од Бугарија, Ирена Пауновиќ од Србија и Игор Лекшиќ од Хрватска.

Посебна награда на жирито добиваат: Горан Менков од Македонија, Рајко Попивода од Србија / Црна Гора и Алирио Хозе Инфанте Лопез од Венецуела.

На националната колекција на Црна Гора, од каде има 29 учесници, и се доделува  Посебно признание на Остен за национална колекција, а посебни признанија ќе добијат и Венцеслав Антонов од Бугарија -  за легат и Драган Караџиќ од Црна Гора - за извонредно уметничко достигнување.

Награда „Остен“ добија: Евгенија Демниевска од Франција, Ваватум Тенгаи од Тајланд и авторите од Македонија: Александар Јанкуловски, Ирена Гапковска (САД/Македонија) и Трајче Блажевски.

Уметничките творби стануваат дел од Музејот на цртеж, а сите други дела со кои уметниците партиципирале во изданијата на оваа манифестација, влегуваат во составот на колекцијата на Остен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...