Родено прво бебе од смрзната јајце клетка во Македонија

Скопје, 16 септември 2014 (МИА) - Новородено девојче е првото бебе во Македонија родено од смрзната јајце клетка. Постапката ја изведе стручен тим во приватната болница Ре-Медика.

- Целта ни е да ги следиме и етаблираме сите нови методи кои донесуваат прогрес во решавањето на проблемот со стерилитетот. За тоа ги имаме сите предуслови. Имаме одлично едуциран тим, современа опрема, работиме по современи протоколи. Тоа не прави силни, квалитетни и професионални во решавањето на проблемот на неплодноста. Зголемувањето на бројот на нашите пациенти тоа и го потврдува, рече на денешната прес-конференција д-р Зоран Петановски, шеф на ИВФ во Ре-Медика.

Тимот од Ре-медика појасни дека замрзнувањето на јајце-клетките е само една од новите методи кои во контиунитет се воведени во последните години во Центарот за ин витро фертилизација.

Според Петановски, за оваа метода потребна е софистицирана опрема и кадар кој е длабоко навлезен во материјата.

На одделот, како што посочи, извршени се над 4.000 ин витро фертилизации и оти има 1.500 раѓања.

Д-р Валнтина Сотироска, одговорна за ИВФ лабораторијата, истакна дека ова е нова опција и која особено е потребна во време кога жените одлучуваат подоцна да раѓаат.

Во конкретниов случај станува збор за замрзната сопствена јајце клетка, а ќе може да се врши и донирање. Јајце клетките може да се чуваат пет години.

Постапката на смрзнување и зачувување, како што посочија од болницата, се наплаќа приватно, а на товар на Фондот за здравствено осигурување може да се изведат три постапки на ин витро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...