Симулациска вежба „Сообраќајна несреќа со поголем број повредени“

Скопје, 17 септември 2014 (МИА) - Симулациска вежба „Сообраќајна несреќа со поголем број повредени“, во рамки на кампањата на Владата за подигнување на јавната свест за безбедност во сообраќајот, се одржа денеска во Градски парк 2 во Скопје. 

На вежбата присуствуваше министерот за здравство Никола Тодоров, кој пред нејзиниот почеток изјави дека на вежбата ќе се направи симулација на сообраќајна незгода во која се вклучени две возила.

- Ги има трите слаби точки предвидено во оваа симулација. Возачот на едното возило симулирано е дека во алкохолизирана состојба, совозачот е без сигурносен појас, а во другото возило возачот зборува на мобилен телефон, рече Тодоров.

Нагласи дека во кампањата посебно укажуваат на носењето појас, незборување на мобилен телефон за време на управување со моторно возило и неуправување на моторно возило во алкохолизирана состојба. 

Kaмпањата за подигнување на јавната свест за безбедност во сообраќајот Владата ја почна на 12 септември во координација со повеќе институции.

Податоците покажуваат дека во Република Македонија секој втор ден згаснува по еден живот. Бројот на загинати во сообраќајни незгоди во 2013 година изнесува 198 лица или девет жртви на секои 100 илјади жители.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...