РСБСП активно вклучен во реализација на „Европската недела на мобилност 2014“

Скопје,17 септември 2014 (МИА) - Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот РСБСП кој активно се ангажира за подобрување на безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот како и во промоција на алтернативните форми во сообраќајот оваа година е дел од одбележувањето на „Европската недела на мобилност 2014“.

-  Реализирањето на Европската недела на мобилност е да се подигне јавната свест за користење на алтернативни начини за движење. Што е можно повеќе луѓе да ги остават автомобилите кога не мора да ги користат односно да одат пешки или да користат велосипед. Ова е важно од повеќе аспекти. Прво ќе се намали сообраќајниот метеж со што автоматски се зголемува безбедноста, потоа од здравствен како и од еколошки  аспект за што помало загадување, истакна денеска на прес-конференција порпаролот на  РСБСП Тоше Јанев на која ја презентираше програмата која РСБСП со партнерите ќе се спроведува до 22 септември.

Во рамките на акцијата  „Европска недела на мобилност 2014“, ќе се реализираат повеќе активности од страна на државни органи и институции, како и организации и здруженија на граѓани кои на различни начини учествуваат во сообраќајот.

- Ќе се одржи едукација на децата во детските градинки, се подготвуваат и ќе бидат поделени промотивни флаери за алтернативните форми на сообраќај, ќе се одржат обуки и натпревари во средните училишта, трибина за добри сообраќајни практики во управување со сообраќајот, емитување на ТВ емисија „Сообраќајна хроника“ на тема „Алтернативни форми на сообраќај - придобивки и предизвици“, ... информираше Јанев за дел од програмата.

Во реализација на оваа програма покрај РСБСП вклучени се и Министерството за внатрешни работи, Министерството за локална самоуправа, Агенцијата за млади и спорт, Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, Град Скопје, Заедница на единиците на локалната самоуправа, Единиците на локалната самоуправа, Институтот за јавно здравје, Црвен крст на РМ, Светската здравствена организација-Канцеларија во Скопје, ЈСП Скопје, Велосипедска федерација на Македонија и др.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...