Собранието расправа за сурогат-мајчинството

Скопје, 17 септември 2014 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска расправаа за потребата за носење на законот за измените и дополнувањата на Законот за биомедицинско потпомогнато ополодување, со кои се предвидува можност за сурогат мајчинство.

Министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека треба да им се помогне на семејствата што немаат деца и оти сурогат мајчинството може да биде единствен излез од ситуација на невозможност да се има свое генетски поврзано дете кога жената не може да ја издржи бременоста.

- Токму поради тоа намерата на сурогат мајката е да го замени тој процес само во периодот на бременост, рече Тодоров.

Сурогат мајка може да биде жена на возраст од 25 до 50 години, која е мајка на најмалку едно дете и психофизички здрава. Законот предвидува сурогат мајката да добие само пари за основните трошоци, а се забранети и казниви со закон исплаќањето на финансиски средства, како и на подароци повисоки од 100 евра, појасни Тодоров.

- Предвидуваме и кривично дело според кое ќе се казни со закон од шест месеци до пет години секој кој ќе бара или земе односно понуди или даде паричен надоместок, хартии од вредност, недвижен или подвижен имот, злато или друга материјална корист како надоместок, изјави министерот Тодоров.

Меѓу другото се предвидува и заштита на идентитетот на сурогат мајката, родителите и детето. Казни ќе има и за оние кои ќе ги изнесат нивните податоци во јавност.

Сурогат мајка може да се биде само еднаш. - Со ова сакаме да не оставиме каква било можност за каков било бизнис. Може да роди само едно дете за кого било, рече Тодоров.

Со законските измени се предвидуваат и условите под кои брачен пар може да поднесе барање за сурогат мајчинство.  

Пратениците го поддржуваат сурогат мајчинството, посочувајќи дека тоа ќе помогне семејствата кои не можат да имаат свои деца, како и за зголемување на наталитетот.   

Претходно пратениците ја констатираа потребата за донесување на измените на законите за прекинување на бременоста, за санитарната и здравствената инспекција, за јавно здравје, за безбедност во снабдувањето со крв, за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина и за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Овие измени, како што појасни министерот Тодоров, се во однос на преднесување на надлежности од Министерството за здравство на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во согласнот за Законот за инспекциски совет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...