На штипскиот Правен факултет јавна расправа за нацрт–амандманите на Уставот

Штип, 17 септември 2014 (МИА) - На Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска се одржа јавна расправа за усвоените нацрт-амандмани на Уставот на Република Македонија.

Заменик-министерот за правда Билјана Бришковска истакна дека јавната расправа е во фаза на коментари и размена на мислења со целата стручна и научна јавност и со цивилниот сектор. Ова е втора јавна расправа во земјава со цел да се слушнат мислењата на јавноста и на универзитетската фела.

- Во моментов не сме во фаза на забелешки. Сето ова е во насока на коментари и мислења во однос на нацрт-амандманите. Научната јавност и цивилниот сектор даваат одредени сугестии и коментари. Тоа не би го сместила во забелешки. Во јавноста имаше мислење дека Венецијанската комисија имала забелешки. Сепак, ќе истакнам дека станува збор за размена на мислења и коментари. Тие нацрт-амандмани се во процес на донесување и амандманите се донесуваат до Венецијанската комисија во рамките на Совет на Европа, а во оваа фаза не можеме да зборуваме за забелешки, туку само во насока на размена на мислења, рече Бришковска.

Според прустните кои дебатираа, право на секоја држава е како ќе го регулира бракот и за него нема меѓународни стандарди, но со уставните измени ќе се регулира и вонбрачната заедница. Расправата за уставните измени беше повеќе насочена кон амандманите за судската власт и воведувањето на уставната жалба, институт кој ќе доведе до заштитата на човековите слобода и права, а со која и на судиите и обвинителите им се овозможува да се жалат.

Деканот на Правниот факултет Јован Ананиев има одредени мислења во овој дел од аспект на човекови права.

- Во однос на Уставната жалба, сметам дека треба да се прошират основите на дискриминација. Мислам дека недостасуваат неколку моменти, како возраста, инвалидноста, за да дојдеме до приближување кон европските директиви. Се согласувам дека бракот како материја е оставена на волјата на државите, нема во рамки на Советот на Европа или ЕУ како треба да се дефинира, што да вклучи и што да исклучи. Македонија ја има слободата како ќе го регулира тоа. Тоа е прашање на суверенитет на државата, вели Ананиев.

За дел од универзитетската фела на штипскиот Правен факултет туѓ е концептот за меѓународна финансиска зона, која практично е држава во држава, а исто така сметаат дека Уставот не треба да трпи постојани измени.

На оваа јавна расправа никој не дебатираше за промената на името на Народната банка на Република Македонија во Банка на Република Македонија.

Заменик-министерот за правда најави уште две јавни расправи една на Државниот универзитет во Тетово и една во Собранието на Република Македонија, по што ќе следи фазата на доставување на финалниот текст и нивно усвојување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...