Шестмина повредени во тепачка во тетовската болница

Тетово, 18 септември 2014 (МИА) - Едно лице  е потешко повредено и задржано на лекување во тетовската болница, а пет се приведени од полицијата откако сите учествувале во тепачката што се случила на Хируршкото одделение во Клиничката болница.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски денеска информираше дека тепачката се случила вчера околу 19 часот меѓу Р.А.(23), Р.Р (49) и Д.Х (47) од една и И.У (55), А.У (17) и А.У (20) од друга страна.

Тие размениле повеќе удари со тупаници по главите и телата од кои се здобиле со повреди. По укажаната лекарска помош петмина од нив се приведени,  а 20-годишниот А.У е задржан на лекување.

Лицата и претходно меѓусебно се тепале на улицата „Љуботенска“ во Тетово, поради недоразбирања околу напасување на добитокот. 

Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...