Нова книга есеи на Александар Прокопиев

Скопје, 18 септември 2014 (МИА) -  Книгоиздателството „Зојдер“ ја објави книгата есеи на Александар Прокопиев под наслов „Измислувајќи ја Европа – есеи за несводливото“.

Есеите од првиот дел на книгата - Мунстеровата ренесасна мапа на Европа, Фараонскиот комплекс на владетелите, Изопштените иноватори, Кафеаната, Филмократијата..., проистекуваат од предавањата на Прокопиев на постдипломците во Институтот за македонска книжевност.

Во вториот дел се поместени есеите за делата на Сервантес, Свифт, Вајлд, Ман, Калвино и Чехов, книжевниот мајстор кон чија литература Прокопиев негува посебен однос и во сопственото творештво.

Во предговорот на книгата, „Проникнувачки „флешови“ низ европската култура“ д-р Соња Стојменска – Елзесер ќе напише дека во најновата книга есеи на Александар Прокопиев уште еднаш потврдува дека во македонската средина постои изострен слух и капацитет за толкување и проследување на културолошките феномени, кои низ призмата на културната географија се поврзуваат со европскиот контекст...

- Есеите на Прокопиев ја покажуваат и убавината на мешањто на уметничкиот порив со научната рационалност, затоа што во сите нив огромниот фонд референци секогаш е стегнат во една конкретно стожерна мисла, односно авторски став, кој манифестира специфичен хуманистички ангажман, насочен кон актуелните состојби кај нас и во глобалниот свет, вели Стојменска – Елзесер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...