Отворен првиот центар за дојка во „Аџибадем Систина“

Скопје, 18 септември 2014 (МИА) - Првиот центар за дојка во кој на едно место пациентите со болести на дојка ќе добијат дијагноза и комплетен третман, е отворен во клиничката болница „Аџибадем Систина“. Со помош на врвната технологија во болницата се дијагностицираат сите болести на дојката, како и карциноми со пречник од 3 до 4 мм.
 
Медицинскиот директор во болницата Љупчо Лековски денеска на прес-конференција рече дека Центарот овозможува во најкус временски период да се направат сите дијагностички постапки и лекувања што е најважниот сегмент во третманот на карциномите.

Со Центарот раководи торако-васкуларниот хирург Митко Караѓозов кој рече дека предноста на Центарот е во можноста во секој момент да ги прифати пациентите со болести на дојката што е особено важно кога станува збор за брзо откривање, хируршко и онколошко лекување на карцином на дојка.

Според светската статистика, ако карциномот навреме се открие и веднаш се спроведе лекување, во 99 отсто од случаите може целосно да се излекува.

Караѓозов потенцира дека онколошкиот третман го спроведува врвен тим онколози, радиотерапевти кои работат според најсовремените протоколи во лекувањето на карциномот на дојката. Радиодијагностичарот Маја Чапова рече дека врвната технологија со која што располагаат е една од главните алки во процесот на дијагностицирање на ракот на дојката.

Онкологот Дева Петрова потенцира дека во Одделот за онкологија и радиотерапија третманот е комплетен (хормонска, хемотерапија и целна  терапија) и нудат радиотераписки третман со моќниот акцелератор Trilogy.

Центарот располага и со тим патолози предводени од д-р Џенгис Јашар кои со помош на софистицирана опрема овозможуваат брзо, точно и навремено изработување на сите испитувања од кои зависи натамошното онколошко лекување.

Центарот нуди можност за естетски третман по хируршката интервенција на дојката и во него пациентите ќе имаат можност да добијат психолошка поддршка.

Претседателот на Здружението „Борка“, Биба Додева истакна дека ако на секои две минути една нова личност е дијагностицирана со оваа болест во светски рамки, тогаш навистина е од големо значење отворањето на еден ваков Центар со мултидисциплинарен пристап на лекување на болеста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...