Идниот американски амбасадор Бејли вети дека

Ќе работам на надминување на спорот со Грција

Вашингтон, 18 септември 2014 (МИА) - Џес Бејли, американскиот дипломат предложен да биде новиот амбасадор во Македонија, најави дека ќе работи за интегрирањето на Македонија во НАТО и во Европската Унија, и за надминување на спорот за името со Грција.

Бејли, кој во средата сведочеше пред комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, ја истакна соработката меѓу САД и Македонија и за неговите погледи на меѓуетничките односи и реформите во Македонија.

- Македонија беше исклучителен партнер во меѓународните безбедносни операции, како една од земјите со најголем придонес на војници по глава на жител во мисијата во Авганистан. Во март, Македонија гласаше во поддршка на резолуцијата на Генералното Собрание на Обединетите нации за територијалниот интегритет на Украина. А овој месец, македонското Собрание донесе закон за проблемот со борците во странство. Како наш посветен пријател и партнер, македонија ја заслужува нашата поддршка и помош во реализирањето на членството во НАТО и Европската Унија, изјави Бејли.

Дипломатот подвлече дека спорот за името меѓу Македонија и Грција останува како главна пречка на овој пат и вети дека ќе работи за негово надминување.

- Доколку бидам именуван, се обврзувам дека ќе го искористам моето дипломатско исуство да и помогнам на Македонија, во активностите со Грција за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение. При самитот на Македонија и другите земји од Западниот Балкан во Берлин пред две недели, тие заклучија дека овој спор "мора итно да се реши, со подготвеност за компромис на сите страни". Поминаа шест години откако на самитот на НАТО во Букурешт на Македонија и беше ветено членство штом се реши спорот за името. Решение за спорот ќе биде клучен чекор кон зголемена стабилност и сигурност во Македонија, во балканскиот регион и низ Европа, Бејли изјави пред сенаторите.

Кандидатот што треба да го замени Пол Волерс на амбасадорската позиција во Македонија рече дека како амбасадор во Скопје ќе работи и на продолжувањето на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Според Бејли, протестите по соопштувањето на пресудите за убиствата кај Смиљковското Езеро, покажале дека се уште постојат празнини во односите меѓу двете најголеми етнички заедници во Македонија.

Бејли, кој досега служеше како заменик шеф на мисијата во Турција, а служел и како шеф на американската мисија во ирачкиот курдски град Ербил, рече дека американската амбасада под негово раководство ќе работи на надминување на етничките поделби и подобрување на меѓуетничката комуникација и разбирање.

Бејли, во своите забелешки, истакна и дека Македонија има силна демократска структура, но дека постои загриженост за слободата на печатот, независноста на судството и транспарентноста во владините финансии. Бејли изјави дека слободните медиуми, независносто судство и транспарентното носење одлуки од властите ќе бидат области на кои ќе работи во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...