Денови на македонската култура во Виена

Скопје, 18 септември 2014 (МИА) - По повод 20 години дипломатски односи меѓу Македонија и Австрија, од денеска до 21 септември во Виена ќе биде претставена македонската култура, со гостување на Драмскиот театар-Скопје, Балетот на МОБ и Музејот на современа уметност.

Деновите ќе бидат отворени вечер во престижниот Акцент театар во Виена, каде што Драмски театар ќе ја изведе претставата „2012 - Последните Македонци“ по текст и режија на Сашо Миленковски.

Македонската современа ликовна сцена од 20 септември ќе биде презентирана на изложбата „Made in Macedonia - Brikolage“ во организација на Музејот на современата уметност. Изложбата ќе биде поставена во Амбасадата на Република Македонија во Виена. Ќе бидат претставени дела од Атанас Атанасоски, Жанета Вангели, Ива Димеска, Антони Мазневски, Дијана Томиќ-Радевска, Исмет Рамиќевиќ, Вана Урошевиќ, ОПА (Слободанка Сревческа, Денис Сарагиновски).

Наредниот ден, 21 септември, во познатиот Одеон театар македонската современа танцова естетика пред австриската  јавност ќе биде претставена преку балетската претстава „14 часа“ на Македонската опера и балет. Режисер е Наташа Поплавска, музиката ја напиша Кирил Џајковски, а кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров. Во балетското дело, во кое во 12 сцени се разработуваат женско-машките односи, настапуваат првенците на МОБ: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Васил Чичијашвили, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски.

Настаните ги организира Министерството за култура кое до крајот на годинава најави гостувања и во Чешка и Јапонија, по повод две децении од воспставените дипломатски односи.

- И во 2014 година еден од приоритетите на Министерството за култура е македонската култура да биде  континуирано и видливо присутна во светските центри, на сите светски настани од областа на културата, на реномираните манифестации и фестивали. Македонската култура ќе биде претставена и во повеќе земји со кои одбележуваме  успешна билатерална соработка, соопшти Министерството за култура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...