Информатијада 2014, информатичко-спортски натпревар на студенти од регионот

Скопје, 18 септември 2014 (МИА) – Речиси 400 студенти по информатика и студии кои имаат допирни точки со информатиката од Македонија и регионот од 8 до 12 октомври ќе учествуваат на ИТ дружењето „Информатијада 2014“ што ќе се одржи во Охрид.

Идејата за одржување на манифестцијата, која е замислена како информатичко-спортски натпревар на студентите комбиниран со забава, е на Студенсткиот парламент при ФИНКИ, а организатор е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за млади и спорт.

Учесниците на интернационалното ИТ дружење ќе имаат можност да присуствуваат на работилници и предавања на познати ИТ експерти од регионот, а истовремено и да се забавуваат и натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини.

- За студентите по информатика е важно да се натпреваруваат и во спортот, а не само во виртуелни игри. Се надевам дека манифестацијата, која е замислена како комбинација на знаење и спорт, ќе прерасне во традиционална, рече министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека Министерството ќе обезбеди скромни награди за најуспешните студенти.

- Како земја имаме голем потенцијал во информатичко-комуникациската област, бидејќи Македонија инвестира во младите генерации кои имаат афинитет и способности да се занимаваат и да творат во оваа област. Од година во година сме се поуспешни, а тоа го покажуваат резултатите кои континуирано се постигнуваат во сите сегменти на овој план. За најдобрите студенти ќе обезбедиме симболични, но вредни награди, со цел да поттикнеме уште поголеми успеси во наредниот период, рече Ивановски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески нагласи дека покрај можноста учесниците да се стекнат со дополнителни знаења од областа на информатиката и да проследат предавања на реномирани и познати ИТ-експерти ќе можат да ги покажат и своите знаења и таленти во делот на спортските активности.

- Токму затоа нашата поддршка на манифестацијата ќе биде насочена во спортскиот дел во кој студентите ќе се натпреваруваат во ракомет, кошарка, фудбал, одбојка, пинг-понг, шах и серва. Нашата поддршка ќе биде во делот на финансирање на спортските реквизити и опрема за сите студенти кои ќе се натпреваруваат, рече Спасески.

Деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов посочи дека учесниците на Информатијадата ќе се обидат да научат нешто повеќе од науката, да добијат некои претприемачи вештини на работилниците кои ќе се организираат, по малку да спортуваат и да се забавуваат, но, потенцира, најважно е да се дружат меѓу себе и да оставрат конекци кои се важни за нивните идни вработувања и бизниси.

- ФИНКИ со задоволство ја поддржа оваа иницијатива на Студентскиот парламент и ги повикувам сите останат факултети да учествуваат за да направиме настан по информатика на кој учесниците ќе научат многу работи, рече Трајанов.

Претседателот на Студнтскиот парламент на ФИНКИ, Давор Поповски истакна дека идејата за настанот е сите студенти по информатика да се соберат на едно место и да се натпреваруваат во алгоритми, компјутерска мрежа и математика, како и да работат на проекти зададени од индустријата, но и да спортуваат и да се забавуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...