Кривични пријави за четири лица од Градско заради разбојништво врз сиријци

Велес, 18 септември 2014 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното  обвинителство  поднесе  кривична  пријава против лицата Б.Е. (33), И.У.(34) , Б.М. (34) и Ф.Е. (28) од  Градско,  поради  основи  за  сомнение  дека  сториле кривични  дела  „противправно  лишување  од  слобода“  и „разбојништво“.

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска изјави дека четворицата осомничени на 16-ти септември годинава  околу 01:00 часот во близина на железничката пруга во Градско  пресретнале  четири  странски  (сириски)  државјани. При тоа заканувајќи им се со земјоделски алати (срп, коса и вила) насилно ги внеле во куќата на првопријавениот каде ги задржале околу еден час, им одзеле 325 евра, 700 денари и три мобилни телефони, по што ги избркале од куќата.

Пријавените  во  текот  на  вчерашниот  ден  се изведени  пред  надлежен  суд,  при  што  им е изречена  мерка  притвор  во  траење  од  30  дена.  Лицата  се спроведени во Истражен затвор Скопје, информира Стојковска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...