Самарас и Меркел ќе разговараат и за Македонија

Атина, 19 септември 2014 (МИА) – Грчкиот премиер Андонис Самарас следната недела во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

Со најавата на средбата, грчките медиуми почнаа да шпекулираат и за можните теми на разговор меѓу премиерите на Грција и Германија, јави дописникот на МИА од Атина.

Весникот „Елефтеротипија“ пишува дека покрај тоа што е најавено оти на работниот ручек ќе се разговара за економската ситуација во Грција, на маса ќе бидат и прашања од европската и надворешната политика.

- Второто (надворешната политика), со оглед на притисокот кој Берлин во последно време го врши за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ без претходно да се реши прашањето за името, покренува прашања. Атина секако, не признава дека на средбата ќе има таква тема, а сигурно ќе се дискутира и за кризата во Украина, пишува „Елефтеротипија“.

Средбата на Самарас со Меркел се оценува како еден од најважните состаноци за време мандатот на грчкиот премиер, и е со цел да најде заеднички став со германската канцеларка по прашањето за грчката програма за реформи и дополнително олеснување на долгот на Атина.

Во Берлин средбата е најавена како „рутинска“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...