Педесет години македонско уставно судство

Скопје, 19 септември 2014 (МИА) – Во рамки на одбележувањето на 50-годишнината од основањето на уставното судство во Република Македонија денеска во Скопје во организација на македонскиот Уставен суд се одржува конференција на тема „Современите предизвици на уставното судство, принципот на поделба на власта и неговата заштита од страна на Уставниот суд и за оценката на уставноста и законитоста на подзаконските акти“.

- Целта на конференцијата е преку плодна стручна дискусија да се отворат битни прашања за можностите и ризиците со кои можеме да се соочиме во нашата област, но истовремено да се обидеме да најдеме решенија кои ќе кореспондираат со денешните потреби, а истовремено ќе гарантираат заштита на основните уставни начела, истакна на отворањето на конференцијата претседателката на Уставниот суд на Република Македонија, Елена Гошева.

Посочи дека Уставниот суд според својата уставна положба не спаѓа во системот на организација на државна власт, туку е посебен државен орган со статус, состав, организација и надлежност конкретно утврдени со самиот Устав. На таков начин, рече, како независна институција Судот има јасна заштитна и корективна функција во обезбедување на уставниот поредок и владеењето на правото.

- Уставниот суд во својата работа делува независно од која било институција во државата. Независноста се обезбедува со тоа што судиите се избираат на транспарентен начин со и во комплетно независна процедура во Собранието на Република Македонија, истакна Гошева.

Според неа, Уставот на Република Македонија од 1991 година го конституира статусот на Уставниот суд како орган кој влијае врз обезбедување на темелните вредности на уставниот поредок штитејќи ја уставноста и законитоста, основните слободи и права на човекот и граѓанинот, принципот на владеење на правото и учество во изградба и зацврстување на правната држава.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој се обрати на отворањето на конференцијата, истакна дека стекнатото искуство на практикување на уставното судство изминатите 50 години и помогна на земјава во клучните мигови на уставниот развој, кој, како што рече, се стреми кон обезбедување на правен поредок за граѓаните.

- Уставот денес е израз на суверената волја на граѓаните и највисокиот акт што не дефинира како нација. Тој претставува волја на граѓаните во каква држава сакаат да живеат, работат и напредуваат и каква држава сакаат да им остават во наследство на потомците. Уставот ја одразува нашата реалност и во него се вградени врвните придобивки од македонскиот модел на соживот, вредности и традиции на почитувањето на различностите. Затоа денес во Уставот се гарантираат човековите права и слободи и правото на човеково достоинство, истакна претседателот Иванов.

Додаде дека со него се омеѓуваат и правните граници на законодавната, извршната и судската власт.

- Оттука и прашањето за односот на уставното судство и политиката кое е старо колку самото уставно судство, дали тоа треба да се занимава со политички прашања или треба да го чува просторот на слободното политичко уредување, простор кое е со Устав загарантирано за другите уставни гранки на власта. Уставното судство е тоа што одлучува за правната рамка на дејствување на политиката. Рамка во која законодавната и извршната власт можат да постапуваат и да ги уредуваат односите. Како чувар на уставноста овој Суд е фактор во остварувањето и спроведувањето на Уставот и законите и обезбедува кохерентен и конзистентен уставно-правен систем, нагласи Иванов.

Целта на уставното судство, додаде, е да помогне во создавањето рамнотежа меѓу слободата на политичкиот систем, уставно ограничените гранки на власта и демократското учество на граѓаните.

Претседателот на Судот за човекови права во Стразбур Дин Шпилман истакна дека уставниот суд треба да е последниот заштитник на правата и слободите на човекот во секоја земја.

Тоа значи ако се донесе правен лек на локално ниво нема да се примаат предмети во Европскиот суд. Одговорноста што ја споделуваат сите судства и Судот во Стразбур е една од причините поради кои треба да го фаворизираме директниот пристап на граѓаните во уставните судови во земјата, истакна тој.

Уставниот суд е востановен во 1963 година, а почнал со работа во 1964 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...