Пуштена во оптек кована пара за колекционерски цели „Вага“

Скопје, 19 септември 2014 (МИА) - Народната банка на Република Македонија издаде и пушти во оптек кована пара за колекционерски цели „Вага“ од серијата „Хороскопски знаци“.

Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи ги симболот Вага, пеперутката и вагата) се насликани со злато, а цената на кованата пара изнесува 2.700,00 денари.

- На аверсот на парата е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем кои покрај Сонцето и Месечината, влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“, соопшти НБРМ.

Наа реверсот, во центарот на монетата, се додава во сооптението, е прикажана вага со два крака. Едниот тас од вагата е исполнет со монети и е прикажана пеперутка како седи на нив. На местото на другиот тас е вметнато кобалтно стакленце на кое е претставена слика на соѕвездието Вага.

На долниот дел, по должината на периметарот, е прикажан симболот на хороскопскиот знак Вага отпечатен на тег и името на хороскопскиот знак на латински јазик.

Од Централната банка истакнуваат дека кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.  

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија HYPERLINK "http://www.nbrm.mk"www.nbrm.mk.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...