Поставени 18 информативни табли во Крива Паланка

Крива Паланка, 19 септември 2014 (МИА) – Во рамки на проектот „Плакатирање“ на Локалната установа Градски музеј од Крива Паланка на 18 локации во градот поставени се информативни табли за промоција на настаните од културата.

- Проектот започна како локална иницијатива на Градскиот музеј на почетокот од годинава. Истиот беше поддржан од страна на градоначалникот на општината, како и од останатите локални установи. Со поддршка од фирмата „Мелтон“ изработивме и поставивме 18 инфо-панели на кои ќе се поставуваат плакатите за сите настани во градот, во организација на општинските установи, бидејќи секако се подготвува соодветен пропаганден материјал,информираше директорот на ЛУ Градски музеј од Крива Паланка, Драган Величковски.

Информативните табли се изработени од железна рам-конструкција, лим и стреа за заштита од атмосферските влијанија, со тимпанон од лим на кој пишува „Култура-инфо“ и поставено е логото со грбот на општина Крива Паланка.

Величковски напомена дека поставувањето е извршено во две фази.

- Во првата фаза беа опфатени сите општински установи кои се вклучени во проектот, почнувајќи од основните и средното училиште, општинскиот ученички дом, предучилишната установа, понатаму НУ Центар за култура, општина Крива Паланка, нашата установа Градски музеј, и Јавното претпријатие Комуналец,рече Величковски.

Во оваа фаза информативни табли се монтирани и на неколку маркети во централното градско подрачје, додека во втората фаза инфо-табли беа поставени и во манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ и село Конопница.

Според Величковски целта на проектот е да се информира поголем број луѓе, особено повозрасната популација која не ги користи современите информативни средства, интернет и социјални мрежи.

- Неминовно информациите за сите настани ги пласираме на интернет и социјалните мрежи, каде во најголем процент допираат до помладите. Сега имаме соодветни места каде сите граѓани ќе можат да ги видат плакатите, за разлика од порано кога покрај на матичните установи-организатори, користевме алтернативни места и објекти за поставување пропагандни материјали,додаде Величковски.

Величковски нагласи дека плакатите кои ги изработуваат неколку локални дизајнери се своевидна графичка уметност, а како што рече, информативните табли покрај за промоција на настаните се и соодветно место за нивно достоинствено презентирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...