Deutsche Welle

Македонија е земја на сигурно потекло!

Со усвоената регулатива во Бундесратот, постапката за одбивање на барањата за азил уште повеќе се поедноставува. За оние чија постапка е во тек, новиот закон ќе значи подобрување на шансите за работа.

Во последен момент, благодарение на попуштањето на Зелените од Баден Виртемберг, во Бундесратот е усвоена регулативата која уште од пред годишните одмори беше визирана од Бундестагот, а со која Македонија, Србија и Босна и Херцеговина се класифицирани во групата „земји на сигурно потекло“! Ова е мерка со која Германија преку заострување на законот за азил сака да се одбрани од барателите од Западен Балкан. Ова конкретно значи дека шансите за добивање азил на барателите од регионот стануваат минимални, а постапките максимално се скусуваат, со што се намалуваат и трошоците и финансиското оптоварување на општините. Донесувањето на регулативата беше спорно поради спротивставувањето на претставниците на партијата на Сојузот 90 Зелени во Бундесратот, кои сметаат дека во земјите од Западен Балкан има дискриминација и прогонување на малцинството Роми, кои иако не се никаде евидентирани, се главните баратели на азил во Германија.

Премиеррот на покраината Баден Виртемберг Винфрид Кречман (Зелени) чиј глас беше решавачки за да се донесе Законот, бранејќи ја својата одлука пред делегатите на покраините кажа дека целта на Законот била да се постигнат „суштински подобрувања за бегалците“.

Емили Хабер, државен секретар во Министерството за внатрешни работи реформите во законската регулатива за азил ги образложи со потребата да се сопре порастот на барања за азил, чија стапка на одбивање е многу висока и е резултат на визната либерализација на земјите од регионот.

Зашто како подвлече „нема никакви политички прогонувања“. Таа потсети дека и ваквата класификација за сигурни земји на потекло во кои се „преместени“ државите од Западен Балкан веќе функционира во другите земји на ЕУ.

Протести против новата регулатива за азил!

Подобрувањето на регулативата се однесува на укинувањето на обврската за задолжителен престој, односно барањето барателите на азил да не го напуштаат местото каде се регистрирани. Сега овој престој е со рок од 4 месеци. Едновремено по 15 месеци ќе отпадне и досега применуваната клаузула за приоритет при вработувањата со која пред барателите на азил секогаш предност за добивање работа имале германските и државјаните на ЕУ. Со тоа место надомест од државата, барателите на азил ќе имаат можност самите да заработуваат и да не се товар на општините и германските даночни обврзници.

Според податоците на Службата за миграција во текот на септември азил побарале 814 македонски државјани или вкупно 5.425 во осумте месеци од годинава со што Македонија е на шестото место по Сирија, Србија, Еритреа, Авганистан и Ирак.

За време на заседанието пред зградата на Бундесратот протестираа стотина лица .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...