Сојузот на борците од НОБ ќе го одбележи Меѓународниот ден на мирот

Скопје, 19 септември 2014 (МИА) - Сојузот на борците од Народно ослободителната борба (НОБ) на Македонија денеска најави активности за одбележување на Меѓународниот ден на мирот, 21 Септември.

Активностите ќе се одржат во вторник пред Споменикот на ослободителите кај Владата. На прославата на Денот на мирот Сојузот кани дипломати и политичари, Армијата на Македонија со оркестарот и јавни личности кои учествувале во дипломатски, мировни и културни активности.

- Република Македонија со прославата се вклучува рамноправно со сите земји во светот во одбележувањето на овој значаен ден и сметам дека одбележувањето треба да биде што посвечено и помасовно со инволвирање на сите домашни фактори како би ја покажале својата поддршка и однос кон мирот, рече на прес-конференција претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија, Трајко Стаматоски.

По повод Денот на мирот досега се примени две пораки, од Ирена Бокова, генерален секретар на УНЕСКО и од Бан Ки-мун, генералниот секретар на Обединетите нации. Националната порака „Правото на мир, услов за сите други права на човекот“, во име на организациите на Сојузот годинава ја напиша академик Луан Старова.

Пораките официјално ќе бидат прочитани на прославата во 12 часот, кога ќе се читаат и во целиот свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...