Од утре дожд, ветер и ниски утрински температури

Скопје, 22 септември 2014 (МИА) - Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и опаѓање на утринските температури кои во среда  ќе се движат од еден до осум степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен на повисоките места и силен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

Утре претпладне се уште ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, а ќе има и повремен локален дожд. Дневната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени, а поради намалување на облачноста во попладневните часови во среда утринските температури значително ќе опаднат и ќе се движат од еден до осум степени.

Од УХМР препорачуваат во случај на појави на електрични празнења поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Утринските температури во четврток ќе се движи од 3 до 10, во петок од 7 до 13, во сабота од 6 до 12 и во недела од 4 до 10 степени. Дневната температура ќе биде од 17 до 26 степени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...