Македонија и Германија со заеднички проект за борба против корупцијата

Скопје, 23 септември 2014 (МИА) – Со заеднички проект на Државната комисија за спречување корупција и Сојузната служба за администрација на Германија ќе се намалува корупцијата во Македонија.

Министерот за правда Аднан Јашари  на денешната конференција изрази уверување дека проектот „Поддршка на ефикасната превенција и борба против корупцијата“ ќе даде значаен придонес во  зајакнување и зголемување на ефикасноста на институциите за борба против корупција во имплементацијата и следењето на извршувањето на политиките во областа на борба против корупција.

- Проектот ќе помогне во обезбедување на транспарентно финансирање на политичките партии и на изборните кампањи, зајакнување на капацитетите на судовите, јавните обвинителства и Агенцијата за управување со конфискуван имот, примена на развиените индикатори за мерење на степенот и видот на корупција во јавниот и приватниот сектор, развивање на систем на критериуми со индикатори за следење, мерење и оценување на ефикасноста на анти-корупциската политика, како и воспоставувањето на постојан  систем за декларација  на имот, рече Јашари.

Тој потенцира дека борбата против корупцијата останува и понатаму примарен приоритет за Република Македонија.

Проектот според претседателот на Комисијата Ѓорѓи Сламков, има за цел подигање за неколку степени на антикорупциската политика во Република Македонија преку јакнење на нормативната рамка, но и зголемување на ефикасноста на институциите за спречување на комисијата. Тој појасни дека една од осумте компоненти на проектот е воведување регистер на функционери, односно софтверско решение за следење на имотната состојба.

Антикорупциската комисија заклучно со август, како што информира, има поднесено 50 барања за испитување имотна состојба до Управа за јавни приходи, а минатата година биле вкупно 35.

- Државната комисија има поднесено четири иницијативи за кривично гонење. Една за кривично гонење на поранешен градоначалник на општина Арачиново, на одговорно лица во Совет за радиодифузија, на еден директор на средно училиште во Скопје и иницијатива за кривично гонење на одговорни лица во ЈП „Македонски железници транспорт“. Тие се доставени до јавно обвинителство, истакна Сламков.

Мирјана Димовска, проект лидер во Македонија појасни дека експертите од Германија најпрво вршат анализа на квалитетот на домашните закони и да се утврди каде ќе се интервентира. Очекува дека проектот ќе придонесе за воспоставување регистер за функционери и законите да важат подеднакво за сите службени лица и анкетните листови да се доставуваат по електронски пат.

- Маркиравме 10 закони што се релевантни за антикорупциската машинерија, како норматива во Република Македонија, меѓу кои се законите за спречување корупција, судир на интереси, закон за лобирање, за финансирање политички партии, донаторство, кривичниот законик,... Испитувањето на состојбите со корупцијата не се завршува само на перцептивните истражувања, туку напротив, зошто одредена перцепција е таква и анализа на фокус групи, рече Димовска, додаваќи дека потоа следи медиумска кампања за влијание врз јавното мнение.

Проект лидерот од Сојузната служба за администрација на Германија Холгер Михаел Арндт предупреди граѓаните да немаат преголеми очекувања дека сега доаѓаат Германците и по две години целата ситуација комплетно ќе биде поинаква.

- Немаме намера да летаме како хеликоптери над Скопје и над Македонија и да фрламе идеи надолу, туку сакаме заедно со македоснката администрација да соработуваме. Проектот може да биде толку успешен колку што ќе биде подржан од македонска страна и колку што ќе сакаат македонската страна да се имплементира, изјави Арндт.

Проектот „Поддршка на ефикасната превенција и борба против корупцијата“, чија вредност е 1,4 милиони, средства обезбедени од програмата ИПА 2010 ќе трае 24 месеци. Покрај Државната комисија за спречување корупција, корисници се уште 10-тина државни институции судство, јавно обвинителство, Агенција за управување со конфискуван имот,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...