Обама на Иванов

Потврдена американската поддршка за Македонија

Њујорк, 24 септември 2014 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов  синоќа присуствуваше на приемот кој американскиот претседател Барак Обама го организираше  синоќа во Њујорк за шефовите на делегациите на Генералното собрание на Обединетите нации. Притоа, Иванов изјави дека во разговорот со Обама, тој ја потврдил поддршката на САД за реализирање на македонските државни приоритети, пред се за членството во НАТО.

- Приемот кој традиционално го одржува американскиот претседател за шефовите на делегациите на Генералното собрание на Обединетите нации секогаш е можност за средба со многу пријатели кои ги имаме во земјите членки на ОН, како и можност за кратки средби со претседателот Обама. Така што ја искористив и оваа прилика на приемот за краток разговор со Обама, барајќи од него поддршка и помош, пред се за членството на Република Македонија во НАТО. Неговиот одговор беше дека Америка и во иднина продолжува со поддршката и помошта што ја дава за Македонија и оти можеме да сметаме на нивната помош и за она што е за нас најургентно – членството во НАТО, изјави претседателот Иванов по  самитот.

Ова е прва средба на Иванов со Обама по самитот на НАТО, на кои Грција повторно го попречи проширувањето на Алијансата и приемот на Македонија, која заедно со Црна Гора се очекува да бидат следните членки на НАТО.

Претседателот Иванов изјави дека во разговорите кои вчера ги имаше во Њујорк, на билатерални средби, како и неформалните разговори на приемот организиран од претседателот Обама, доминираат прашањата од безбедноста. Претседателот Иванов изјави дека се сретнал и со лидерите на голем број држави, меѓу кои и некои од најзначајните поддржувачи на македонските евро-атлански интеграции. 

- Приемот беше можност да се сретнеме и со многу пријатели и поддржувачи на Македонија, претседатели на многу земји, со претседателот на Полска, претседателот на Турција, сите претседатели од нашиот регион, претставници на меѓународните организации, и на ОБСЕ, и на УНЕСКО, и ова е можност да се разменат мислења, изјави Иванов.

Собирот во Њујорк се одржува во сенка на одлуката на САД и неколку нивни арапски сојузнички држави, да извршат воздушни напади врз позиции на терористичката група ИСИС и во Сирија, откако веќе почнаа со напади во Ирак. За денес е предвидена седница на Советот за безбедност на Обединетите нации со која ќе претседава лично претседателот Обама, вторпат во историјата американски претседател да претседава со Советот, откако повторно Обама тоа го стори во 2009 година. На седницата на Советот за безбедност, на која ќе присуствува и претседателот Иванов, се очекува Обама да побара од државите да воведат задолжителни забрани за нивните државјани да се приклучуваат на терористички организации. Македонија оваа забрана веќе ја воведе со измените на Кривичниот законик.

Цел на иницијативата предводена од Обама е формирање на светска рамка за следење и уништување на исламистичките и терористичките групи. Американската амбасадорка во ОН Саманта Пауер вчера го информираше Советот за безбедност дека Ирак побарал помош за справување со терористичката група ИСИС, која е закана и во Сирија, и оти САД се повикуваат на точката 51, за индивидуална и колективна самоодбрана, од Повелбата на Обединетите нации како образложение за нападите кои ги вршат во Ирак и Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...