Ако детето не оди на настава глоба за родителите и до 2.000 евра

Скопје, 25 септември 2014 (МИА) - Повикот на претседателот на СОНК  Јаќим Неделков до учениците да ја бојкотираат наставата во понеделник, за кога синдикатот најави штрајк на своите членови, е противзаконски, противуставен и може да има одраз и врз џебот на родителите.

Според директорката на Државниот просветен инспекторат Надица Николоска, за непосетување на наставата со закон предвидени се високи глоби за родителите.

- Согласно позитивните законски прописи во Република Македонија, основното и средното образование се задолжителни за сите ученици. За непосетување на наставата законите се децидни и предвидуваат глоба од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за родителот, односно старателот кој што ќе го оневозможи наставниот процес за своето дете. Би сакала да апелирам до сите родители да не подлегнуваат на манипулативни изјави за прекин на воспитно-образовниот процес и да не ги инволвираат своите ученици за политички цели, рече Николоска.

Практично, според тоа, се оценува, произлегува дека СОНК со својот апел ги повикува родителите да го прекршат законот и да добијат казни од 1.000 до 2.000 евра само за претседателот на СОНК да го оствари својот личен интерес за фотелја, односно за останување на власт со оглед дека следната година е изборна во синдикатот. 

Единствени одговорни за децата, според сите домашни закони и меѓународни прописи, се родителите, а тие сметаат дека ниту децата ниту тие не треба да бидат злоупотребени од СОНК и да бидат казнувани парично.  

- Тие се преголеми и заради некој што мисли дека со штрајк ќе реши некој проблем мислам дека не е во ред. Може да се седне на маса и мирно да се разговара каде што можат да си ги средат проблемите и каде што нема потреба ниту децата ниту родителите да трпат некакви последици. Не сме должни за никакви казни. Детето ќе си оди на училиште, нормално како и до сега, вели Габриела Димитровска Станковска, родител на дете од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“.

Штрајкот не го поддржува ниту Маја Поповска, родител на ученик од истото училиште во Општина Кисела Вода. Таа вели дека е информирана оти доколку детето не оди на настава од понеделник, како родител, според закон, може да биде казнета од 1.000 до 2.000 евра.

- Да, се информиравме, знаеме и ќе го пуштиме во училиште да оди. Не го поддржувам штрајкот, изјави Поповска.

Зоран Јакимовски родител на дете од петто одделение во ОУ. Лазо Ангеловски во општина Аеродром вели, не сака децата да бидат заложници на нечии интереси.

- Не би сакал да оставиме се да биде пет до 12. Затоа со повеќе родители имаме разговарано. Договоривме средба, решивме ние, доколку се слуша нашиот глас, да застанеме цврсто позади тоа да не се реализира тој штрајк, бидејќи не сакаме нашиве деца да трпат. Знаеме како беше во минатото кога треба да одработуваат како тоа се одрази врз нив, која слика остава врз нив. Така што, сигурен сум дека имаат капацитети и синдикатот и Владата за проблеми. Претпоставувам дека ги има, но ќе најдат друг начин да ги решат, вели Јакимовски.

Инаку, повикот на СОНК, покрај тоа што претставува злоупотреба на децата, е и израз на немоќ во услови кога повеќе гранкови организации при синдикатот се изјаснија против одлуката за штрајк.

Во услови кога се повеќе синдикални ограноци му откажуваат послушност на раководството на СОНК, се смета дека најголем дел од наставниците и учениците ќе ја посетуваат наставата в понеделник. Оние ученици, пак, кои нема да присуствуваат на часовите ќе добијат неоправдани, а часовите ќе ги одработуваат во јуни. 

И министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми денеска оцени дека повикот на Неделков до учениците за бојкот на наставата в понеделник кога СОНК најави штрајк на своите членови, е спротивен на законите и Уставот на државата.

- Јас сум запрепастен од повикот на претседателот на СОНК кој ги повика учениците во понеделник да не одат на училиште. Запрепастен сум бидејќи тоа е грубо кршење на Уставот и законите. Не е надлежност на СОНК ниту пак на некоја друга институција да ги повикува учениците да не одат на училиште. СОНК може да се занимава само со нивното членство. Токму затоа сметам дека тоа е грубо кршење на Уставот и законите и го повикувам претседателот на СОНК да ги извршува своите надлежности и да не се меша во образовниот процес. Исто така, ги повикувам родителите и учениците да продолжат да одат на училиште зашто основачите - Министерството и општините ќе овозможат услови за непречено одвивање на образованиот процес, рече Адеми.

Во меѓувреме, Регионалниот одбор на СОНК Прилеп денеска изјави дека е против одлуката на Советот на СОНК за организирање генерален штрајк. Овој огранок, чие членство брои 1.500 членови, смета дека нивните барања треба да се остваруваат преку дијалог меѓу СОНК и Владата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...