Жена се породила на бетон пред Гинекологија Чаир

И од болницата го потврдиле настанот но одбиле да кажат во каква состојба се мајката и бебето иако, неофицијално, жената по породувањето се онесвестила.

Скопјанка вчера напладне се породила пред Гинеколошката клиника во скопски Чаир, јави Прес 24, повикувајќи се на очевидци на настанот.

Според порталот, жената со автомобил дошла пред болницата и затоа што не можела да излезе од возилото, веднаш биле повикани гинеколозите, но тие не излегле да ѝ пружат помош.

- Не можеше да излезе од кола, ниту еден од докторите не излегуваше на помош, иако беа повикани. Во тој момент, жената се породи во кола и бебето и падна на бетонот. Да не бевме јас и уште еден човек, бебето ќе се останеше на бетонот и никој немаше да го чепне – изјавил очевидец, кој додал дека крвта веднаш била избришана од плочникот.

И од болницата го потврдиле настанот но одбиле да кажат во каква состојба се мајката и бебето иако, неофицијално, жената по породувањето се онесвестила.

Наводно, кога дома ја фатиле породилните болки, жената била сама и затоа излегла пред својата куќа и го запрела првиот автомобил кој доаѓал. Човекот застанал и ја однел во болница, но бебето не „издржало“ до породилната сала, за да дојде на свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...