Кампања за изградба на ботаничка градина за Домот „11 Октомври“

Скопје, 30 септември 2014 (МИА) - По повод патрониот празник на Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври” од утре до 10 октовмри ќе се одржи кампања за собирање средства за изградба на стаклена градина за штитениците на Домот.

Ристенка Атанасовска, директор на Домот „11 Октомври” изјави дека се задоволни што, конечно, почнува кампањата за реализација на овој проект со кој децата ќе добијат модерна ботаничка градина каде ќе можат самите да посадат и да одгледуваат овошје и зеленчук.

- Ова е убав начин да го научат целиот процес на нивно одгледување, а воедно и да се одговорни – да се грижат за нешто што самите го посадиле. Затоа, апелираме до сите  правни и физички лица да се вклучат во кампањата, како би можеле оваа наша дамнешна желба, да ја реализираме, изјави Атанасовска.

Министерството за труд и социјална политика е првата државна институција, која ја поддржа кампањата.

- Веруваме дека ова е одлична прилика, сите оние кои се во можност, да донираат за изградба на стаклената градина за децата од Домот „11 Октомври”. Министерството за труд и социјална политика ја поддржува оваа акција, која покрај општествено одговорниот карактер, кој компаниите и физичките лица ќе можат да го демонстрираат, ќе донесе и многу насмевки од овие деца, кои се навистина бесценети, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Целата активност ќе заврши на 10-ти октомври, со голема “грил забава” во дворот на Домот, подготвена од децата, на која ќе бидат додеделни благодарници за сите донатори, како и на медиумите за нивната поддршка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...