Да се зајакнат активностите за евентуални закани по националната безбедност

Скопје, 30 септември 2014 (МИА) - Советот за безбедност на Република Македонија на денешната конститутивна седница ги утврдил активностите поврзани со прашањата за безбедноста и одбраната на државата за наредниот период, со цел да се дадат соодветни предлози до Собранието и Владата, како и мислења по определени акти од областа на безбедноста и одбраната кои ги донесува Претседателот на Република Македонија, согласно Уставот и законите.

- Советот за безбедност констатира дека субјектите на системот за национална безбедност успешно ги исполнуваат должностите од делокругот на своите надлежности, дека функционираат на највисоко можно ниво и дека постои координација и соработка меѓу субјектите во насока на натамошно јакнење на националните безбедносни капацитети, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.

Субјектите на системот за национална безбедност да ги зајакнат активностите во насока на обезбедување, навремено предупредување за евентуални закани и ризици по националната безбедност, со цел подобрување и развој на системот за рано предупредување, превенција и контрамерки по евентуална утврдена закана и ризик, било заклучено на седницата на Советот за безбедност.

Членовите на Советот за безбедност размениле информации и мислења во врска со актуелните случувања во Сирија и Ирак и рефлектирањето на тие состојби во нашиот регион и во Република Македонија. Посебен акцент, стои во соопштението, бил ставен на состојбата со присуство и регрутирање на граѓани од нашиот регион и од Република Македонија во тие кризни региони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...