Честитка од Иванов до Цинпинг

Скопје, 1 октомври 2014 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, упати честитка до кинескиот претседател Си Џинпинг по повод одбележувањето на Националниот празник на Народна Република Кина.

- Ми претставува особена чест и големо задоволство, во мое име и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви го честитам Националниот празник на Народна Република Кина, со најискрени желби за Вашата земја да продолжи да се развива на патот кон просперитетот, стабилноста, мирот и благосостојбата, и да продолжи, како досега, да дава драгоцен придонес кон севкупниот мир и напредок на светот. Дозволете ми по повод оваа свечена пригода, да ги изразам нашата искрена подготвеност и посветеност да продолжиме да ги негуваме искреното пријателство и одличните односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, што ги краси заемна доверба и разбирање, вели претседателот Иванов во честитката.

Сакам, додава македонскиот претседател, уште еднаш да ги искажам личната благодарност и благодарноста на граѓаните на Република Македонија за принципиелната и континуираната поддршка и помош од Народна Република Кина.

- Во таа насока сакам да ја пренесам цврстата определба за односите меѓу нашите пријателски земји и во иднина да бележат позитивен развој и зголемена динамика во градењето на пријателството и партнерството, истакнува претседателот Иванов во честитката упатена до неговиот кинески колега Џинпинг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...