Отстранети импровизираните тезги пред кумановскиот Зелен пазар

Куманово, 1 октомври 2014 (МИА) - Во акција што претпладнево ја спроведоа општинскиот Секторот за инспекциски надзор, претставници од Државна пазарна инспекција и СВР Куманово отсранети се триесетина импровизирани тезги од булеварот „Трета Македонска ударна бригада“, лоцирани пред Зелениот пазар во Куманово.

Од секторот за инспекциски надзор ја оценуваат акцијата како успешна и додаваат дека самите трговци ги отстраниле своите производи. Мала количина на овошје и зеленчук, посочуваат од општинскиот сектор, одземена е и однесена е во Агенцијата за управување со одземен имот.

- Претходно разговаравме со овие трговци, укажано им дека не смеат да продаваат на простор кој не е определен за таа намена. Акцијата, освен на овој дел од градот, продолжува и на сите останати локации каде што се лоцирани овие трговци, а ги има во речиси сите населби од градот, изјави Вера Лазаревска, раководителот на секторот за инспекциски надзор.

Акцијата, нагласуваат надлежните, има за цел отстранување на препродавачите кои нудат производи на тезги надвор од зелениот и реонскиот пазар без да плаќаат закупнина на јавното претпријатие „Пазаришта“.

- Освен што се решава проблемот со нелојална конкуренција, значајно се подобрува и безбедноста на сообраќајот на овој булевар на кој своите производи ги нудеа нелегалните трговци, потенцира Лазаревска.

Закупците на тезгите од Зелениот пазар велат дека се задоволни од акцијата.

- Законот треба да го почитуваме сите. Ние плаќаме секој месец по 3.000 денари, а тие продаваат на улица и им пречат и на пешаците и на автомобилите. Акцијата е добра и не треба да биде привремена, изјави Абнор Асани, закупец на тезга на Зелениот пазар.

Акцијата за остранување на нелегалните тезги, информираат од Секторот за инспекциски надзор, во корелација со релевантните институции ќе продолжи и во иднина на локации кај Спортската сала, во населбата „Средорек“, кај „Соколана“ и на сите други локации во општината.

- Еднаш расчистените локации постојано ќе бидат контролирани и доколку се затекнат овие пазарџии, стоката ќе им биде одземена и ќе им бидат изречени соодветни казни, појасни Лазаревска.

Екипите на комуналните претпријатија од градот непосредно по завршувањето на акцијата го расчистија просторот пред Зелениот пазар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...