На Попова Шапка откриени седум странци без работна дозвола

Тетово, 1 октомври 2014 (МИА) – Седум странски државјани, 4 од Косово и 3 од Албанија биле откриени од полицијата додека изведувале градежни работи на два објекти лоцирани на Попова Шапка, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Четворицата косовци, Ш.С.(20), Х.Ш (28), Н.З.(27) и В.С.(20), како и албанските државјани Ш.Ф.(21), З.Ф.(27) и И.Ѓ.(19), се приведени и задржани во Секторот за внатрешни работи Тетово, а потоа се предадени за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. При тоа утврдено е дека  само И.Ѓ.(19) илегално влегол во нашата земја додека сите пријавено престојувале на подрачјето, но работеле без потребната работна дозвола.

- Седуммината странски државјани се судски парично казнети и изречена им е забрана за влез од една година така што во текот на денот ќе бидат депортирани во нивните матични земји, изјави Јосифовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...