Шест лица повредени во сообраќајка кај тетовско Доброште

Тетово, 1 октомври 2014 (МИА) - Шест лица се задобиле со телесни повреди во сообраќајката што вчеравечер се случила на влезот на село Доброште на  регионалниот пат Тетово-Јажинце, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „Голф“ со тетовски таблици управувано од Б.М.( 43 ) од Мала Речица и „Застава 101“  исто така со тетовски таблици што ја управувал С.А.( 31 ) од Одри.

- Во несреќата возачот на „Заставата“ и пет сопатници од двете возила се задобиле со телесни повреди по што биле пренесени  во Тетовската клиничка болница, а тројца од нив биле задржани за натамошна обсервација, рече Јосифовски.

Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...