Дводневна интензивна обука посветена на судските вештини на пишување

Скопје, 1 октомври 2014 (МИА) - Започна реализацијата на дводневната интензивна обука посветена на судските вештини на пишување која ја организра Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Правосудниот колеџ на Обединетото Кралство. На обуката учествуваат судии од сите инстанци и од сите апелациони подрачја.

Целта на дводневната обука е да се разменат компаративни искуства, но и воедно преку презентациите на странските експерт, претставници на Правосудниот колеџ на Обединетото кралство да се презентираат современи судски вештини и техники на пишување притоа користејќи се со познати судски случаи во Обединетото Кралство.

Директорот на Академијата, Анета Арнаудовска во поздравниот годор на отворањето посочи дека е исклучително важна организацијата на ваков вид на обуки преку кои националните практичари од земјата ќе имаат можност да усвојат нови вештини на пишување на судски одлуки, кои ќе значат истовремено и подигнување и унапредување на квалитетот на судските одлуки во Република Македонија.

- Посебно е значајно што, експертите на оваа обука доаѓаат од Правосудниот колеџ на Обединетото Кралство, кој важи за еден од најпрестижните правосудни институции за едукација и обука во Европа и пошироко, додаде Арнаудовска.

Крајниот резултат по завршувањето на обуката е присутните да стекнат знаења и вештини кои подоцна ќе продолжат да ги пренесуваат на своите колеги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...