Спасов во Битола отвори нов Дом за сместување стари лица

Битола, 1 октомври 2014 (МИА) - Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, градоначалникот Владимир Талески и инвеститорот Димче Тристовски денеска во Битола отворија нов Дом за стари лица „Свети Спас“ кој е лоциран во населеното место Кравари, на излезот од овој град кон граничниот премин Меџитлија.

На свеченоста во Битола министерот Спасов потсети дека денешниот новоотврен Дом за стари лица се надополнува кон досега отворените 16 сместувачки капацитети низ државата, од кои само во 2013-2014 година отворени се 13 домови за стари лица со што се потврдуваат заложбите на МТСП во насока на поттикнување на приватниот сектор да инвестира во нови домови за стари лица.

- Со овој капацитет дополнително ќе се зголемат и подобрат условите за сместување и грижа за старите лица во Република Македонија. Сите новоотворените старски домови вработуваат повеќе од 200 лица со што дополнително се придонесува за зголемување на вработеноста особено за медицински кадар и негувателки. Оваа инвестиција е значајна, а ние како МТСП ќе продолжиме континуирано да соработуваме и комуницираме со потенцијалните инвеститори на кои ќе им помогнеме во изборот на соодветна локација за изградба на објект за сместување на стари лица, посочи Спасов.

Министерството за труд и социјална политика минатата година го отвори и Домот за стари лица „Сју Рајдер“, а ќе продолжи и со стимулативните мерки за инвестиции во оваа сфера, потврди министерот Спасов.

- Како Влада, дадовме низа поволности за поттикнување на приватниот сектор за да инвестира во изградба на нови старски домови. Поволностите се однесуваат на продажбата на слободни локации за градба по цена од 1 евро за метар квадратен, исто така извршивме значително намалување на комуналните такси кои се движи до 95 насто, секој инвеститор без разлика дали инвестира во нов старски дом или врши реконструкција има можност преку македонската банка за поддршка на развојот да аплицира за поволни кредитни средства, и исто така секој инвеститор има можност да ги користи активните мерки и политики за нови вработувања, истакна Спасов.

Интересот за отворање на домови за стари лица во општина Битола го потврди и градоначалникот Владимир Талески кој нагласи дека просторот во старата касарна е веќе регистриран од страна на неколку инвеститори.

- Со новите инвестиции, со Домот за стари лица „Сју Рајдер“ и домот „Св. Спас“ во Кравари значително се подобрува состојбата од сместувачки капацитети за стари лица. Сите иницијативи на локалната самоуправа и Владата на Република Македонија охрабруваат се поголем број на инвеститори да вложуваат во оваа сфера. Во општина Битола веќе се пријавија неколку лица заинтересирани за изградба на Дом за стари лица во просторот на поранешната касарна, потврди Талески.

Домот за стари лица „Св.Спас“ во битолското село Кравари е составен дел на комплексот „Св. Спас“ за пружање на современи медицински услуги за што е обезбедена високософистицирана опрема и апарати со што се овозможуваат дополнителни услуги на лицата што се згрижени во таа установа, посочи инвеститорот Димче Тристовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...