Бисоферниот резерват Охрид - Преспа ќе овозможи заштита на природното наследство

Скопје, 1 октомври 2014 (МИА) - Со прогласувањето на прекуграничниот биосферен резерват Охрид - Преспа ќе се овозможи поттикнување на албанската страна од Охридското Езеро за заштита на природното наследство, смета заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.

Церемонијата на инаугурација на овој биосферен резерват ќе се одржи на 13 октомври во Корча, Република Албанија, кога националните комисии на УНЕКО ќе ги доделат сертификатите за статусот биосферен резерват Охрид од македонска и Преспа од албанска страна.

- Овој статус ќе ни овозможи подобар економски развој и поголеми средства и грижа за заштита на животната околина. Ова е голем успех како од еколошки, така и од социјален и економски аспект, рече Темелковски.

Македоснкиот претставник во билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридското Езеро, Дејан Пановски истакна дека согласно меѓународниот договор меѓу Македонија и Албанија двете земји ќе се грижат за воспоставување на прекуграничен биосферен резерват Охрид - Преспа.

- Статусот биосферен резерват е од големо значење за еколошките поимања на регионот Охрид - Преспа, но и за поголемо влијание кон туристичката понуда што регионот треба да ја генерира. Со овој резерват ќе се обидеме да направиме брендирање на сите производи, туристичката и земјоделската понуда, кои на светскиот пазар ќе бидат со многу поголема цена и ќе привлечат многу поголем број туристи, нагласи Пановски.

Биосферниот резерват Охрид - Преспа опфаќа граници еднакви со национаните паркови „Пелистер“, „Галичица“ „Преспа“ во Албанија, споменикот на природата „Вевчани“, приодниот резерват „Езерани“ и спомениците на природата - Охридското и Преспанското Езеро, како и културните наследства што се наоѓаат во двете држави.

Апликацијата за добивање прекуграничен биосферен резерват беше доставена лани на 30 септември до централата на УНЕСКО во Парис, каде по нивната анализа на 11 јуни годинава во Шведска беше доделен статусот на прекуграничен биосферен резерват Македонија - Албанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...