Дваесет млади од Штип и Благоевград научија како се изработуваат грнчарски предмети

Штип, 1 октомври 2014 (МИА) - Во рамки на проектот „Оживување на културното наследство во прекуграничниот регион меѓу Бугарија и Македонија“ денеска дваесет млади луѓе од општините Штип и Благоевград добија дипломи за правење грнчарски предмети и изработка на бизнис планови.

Проектот е финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка, а партнери се Општина Штип и Бугарската агенција за регионален развој во Благоевград.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека проектот има за цел да ги возобнови старите занаети кои биле присутни на овие простори.

- Воскреснување на овие занети им дава шанса на идните генерации да ги зачуваат овие занаети, а притоа да го зачуваме тоа културно наследство, рече Захариев.

Вера Алексијева од Бугарската агенција за регионален развој во Благоевград вели дека проектот ќе продолжи и во Бугарија, каде што учесниците ќе научат како се прави накит.

- Во Благоевград ќе продолжиме со теоретскиот дел, како се пишува бизнис план, потоа буџет за истиот и таму освен гранчарство учесниците ќе правиме и накит и сувенири како час од културното наследство, вели Алексијева.

Проектот „Оживување на културното наследство во прекуграничниот регион меѓу Бугарија и Македонија“ е со времетраење од 18 месеци и вкупна вредност од 98.627 Евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...