Вицепремиерот Бесими во посета на Подгорица

Скопје, 1 октомври 2014 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими кој престојува во еднодневна работна посета на Подгорица, имаше средба со потпретседателот на Владата на Црна Гора и министер за надворешни работи и европски интеграции Игор Лукшиќ.

На средбата беше истакната важноста за што поскоро интегрирање на државите од Западен Балкан во Европската Унија со цел постигнување стабилност, развој, демократски и економски просперитет.

Фокусирајќи се на процесот на македонската евроинтеграција, вицепремиерот Бесими ги истакна последните постигнувања на земјата во однос на членството во ЕУ при што нагласи дека европската интеграција останува стратегиски приоритет за државата. Тој информираше дека Владата продолжува посветено да работи на реформите во доменот на владеење на правото, изборната реформа, слободата на изразување и медиумите, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, унапредувањето на меѓуетничките односи, како и зголемување на економскиот раст и вработувањето.

Воедно потенцира дека билатералната и регионалната соработка во областа на ЕУ интеграцијата може да биде многу корисна за земјите од соседството. Со тоа тие ќе испратат позитивна порака за цврстата определба за исполнување на критериумите за пристапување.

Соработката меѓу Македонја и Црна Гора, додаде, може да биде дополнително зајакната со воспоставување заеднички тематски работни групи кои можат да разменат искуства и да споделуваат идеи на техничко ниво.

Бесими доби поддршка од Лукшиќ за иницијативата на Македонија за одржување регионална министерска конференција за интеграција во ЕУ, планирана за наредниот период, на која е предвидено да учествуваат земјите од Западен Балкан (кандидати и потенцијалните земји-кандидати) и Турција, како и земјите членки на ЕУ од регионот и високо ниво на ЕУ претставници.

Двајцата соговорници истакнаа дека очекуваат успешната билатерална соработка да продолжи и во иднина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...