Камен темелник на црквата „Света Петка“ во валандовското село Градец

Валандово, 1 октомври 2014 (МИА) - Во валандовското село Градец, денеска беше поставен камен темелник на црквата „Света Петка“ која под покровителство на општина Валандово ќе се гради од донаторство на Ангелче Ристов од гевгелиското село Давидово.

Просторот на кој се гради црквата е лоциран на северозападната страна од селото и важи за свето место на кое жителите од околните села Удово, Давидово и Градец на празникот „Света Петка“ се собираат и раздаваат за здравје, среќа и благосостојба.

При поставувањето на камен темелникот присуствуваше градоначалникот на Валандово,Николче Чурлиновски, кој истакна дека со овој чин се шири православието во општината што е добро, подвлече, за сите нас.

- На донаторот многу му благодарам и му посакувам се најдобро во иднина.Општината ќе ги поддржува градбите на светите домови, а наскоро ќе почне да се гради и црковен храм во центарот на Валандово, изјави Чурлиновски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...