Приемот на Македонија не е одложен поради Русија

туку поради прашањето за името

Брисел, 1 октомври 2014 (МИА) - Канцеларијата за односи со јавноста на НАТО, денеска не му дозволи на дописникот на МИА од Брисел да му постави прашање на новиот генерален секретар Јенс Столтенберг, а кое се однесуваше на ставот на рускиот министер за надворешни односи Сергеј Лавров, дека приемот на Македонија и други балкански земји во НАТО е против интересите на Русија и ќе биде провокација за Руската Федерација.

Сепак, по завршувањето на кусата и со одбрани прашања средба со новинарите, Столтенберг се запозна поодделно со секој од присутните дописници во седиштето на Алијансата во Брисел, при што на дописникот на МИА се обрати на чист македонски јазик со зборовите: „Добар ден, како сте?”.

Сепак, норвешкиот политичар на чело на оперативата на НАТО не го коментираше ставот на Лавров, а посебно шпекулацијата дека со ветото на приемот на Македонија на Самитот во Букурешт во 2008 година, Грција помогнала да се зачуваат руските интереси на Балканот. Но, висок извор на Северноатлантската организација, кој инсистираше на анонимност, во врска со сето ова ќе рече:
- Апсолутно е неточно да се тврди дека Македонија не е членка на НАТО со цел да не се провоцира Русија или да не се загрози некаков руски интерес! Едноставно, македонскиот проблем е спорот за името со Грција и истиот морате да го решите во Обединетите нации, посочи високиот извор на НАТО за МИА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...