Само еден отсто македонски граѓани се тестираат за ХИВ

Скопје, 2 октомври 2014 (МИА) - Во Македонија само еден процент од популацијата прави ХИВ тестирање, а од нив само една четвртина (0,25 отсто) доброволно го направиле тестот. Зголемувањето на опфатот е ХИВ тестирањето кое се прави на доброволна основа, како и обезбедување на навремена терапија, е клучно за контрола на ХИВ инфекцијата. Има доволно центри за советување и тестирање во државата, како и две мобилни лаборатории кои секојдневно во Скопје и во 11 градови нудат бесплатно доверливо и брзо ХИВ тестирање.

Ова денеска на прес-конференција го истакнаа од Платформата која ја сочинуваат 16 граѓански организации кои директно се вклучени во спроведувањето на теренските активности за превенција, грижа и поддршка за ХИВ меѓу ранливите групи.

Извршниот директор на Здружението за поддршка на луѓето кои живеат со ХИВ-Заедно посилни, Андреј Сених истакна дека антиретровирусните лекови ја намалуваат веројатноста за пренос на вирусот по сексуален пат дури за 96 проценти. Посочи дека во Македонија е достапна современа терапија, а Владата за оваа година речиси тројно го зголемила буџетот наменет за набавка на антиретровирусна терапија.

- Лицата со ХИВ кои имаат потреба од здравствена грижа надвор од Клиниката за инфективни болести, се соочуваат со ситуации на одбивање здравствена услуга, хирушки интервенции, со навредлив однос, со обелоденување на статусот пред трети лица, со неоправдани мерки на заштита во здравствените институции. Апелираме до здравствените институции за сериозно и современо третирање на овој проблем и почитување на достоинството и на правата на луѓето кои живеат со вирусот, рече Сених.

Во спротивно, укажа тој, инфицираните ќе бидат надвор од здравствената заштита, нема да пристапат до терапија, мал број ќе се охрабруваат да го направат ХИВ тестот и инфекцијата би се ширела неконтролирано.

- По заминувањето на Глобалниот фонд во 2016 година кога Македонија ќе претстане да прима донациски средства за програмите за превенција, грижа и поддршка, државата ќе треба да изнајде начин како овие клучни јавно здравствени услуги, активности и интервенции да продолжат да функционираат во форма на соработка меѓу граѓанскиот сектор и Министерството за здравство, додаде Сених.

Извршниот директор на ХОПС-Опции за здрав живот, Христијан Јанкулоски рече дека Република Македонија се уште има најниска стапка на ХИВ во регионот и во европски рамки.

- Зголемениот број новооткриени случаи треба да не потсети дека ХИВ е реалност и дека треба да се заштитиме, но не постои простор за паника. Статистиките покажуваат дека таму каде нема почитување на човековите права на ранливите групи граѓани, стапката на ХИВ е најголема. Заедничка цел на граѓанските асоцијации кои работат со ранливите групи граѓани и на Министерството за здравство, е да ја одржиме ниската стапка на ХИВ, истакна Јанкулоски.

Сензационалистичкиот начин на известување за местото на живеење, возраста, образовната и работната средина, сексуално однесување, нагласи тој, не само што може да доведат до индиректно откривање на идентитетот на овие лица туку и сериозно да ги обесхрабрат да пристапат кон ХИВ тестирање, а со тоа да побараат и здравствена грижа и терапија.

- Апелираме до стручната јавност во Македонија при известувањето да се користат информации кои ќе нудат сеопфатно информирање на јавноста за начините на пренос и превенција од ХИВ со што нема да ја доведат во паника и стигма кон ранливите групи, додаде Јанкулоски.

Програмскиот раководител во Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА, Елизабета Божиноска, рече дека од 1987 година кога првпат е откриен првиот случај на ХИВ, до денес во Македонија доминантен е хетеросексуалниот начин на пренос.

Посочи дека за заштита од ХИВ најважно е да се користи презерватив при секој сексуален однос без оглед на брачниот статус, сексуалната ориентација, надворешниот изглед на партнерот или полот, а крвниот начин на пренос на ХИВ се спречува со употреба на стерилна опрема при инјектирање дрога или употреба на стерилни инструменти при медицински и останати интервенции.

- ХИВ не претставува директно пренослива инфекција и практично е невозможно да се пренесе преку вообичаени социјални контакти. Поради тоа не треба да се третира како карантинска инфекција односно болест и да не се нарекува зараза. Доколку навремено се открие и се пристапи кон грижа и терапија, лицата со ХИВ може да живеат долг и квалитетен живот, рече Божиноска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...