Мендух Тачи реизбран на чело на ДПА

Тетово, 12 октомври 2014 (МИА) - Актуелниот претседател на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи денеска беше реизбран на оваа функција со мандат во следните четири години.

Ова е една од одлуките на Шестиот конгрес на партијата што се одржува во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово, со присуство на 695 делегати.

Во својот говор пред присутните Тачи истакна дека ја прифатил кандидатурата за реизбор од ограноците бидејќи, како што рече, за политичката битка што треба да продолжи првиот човек односно водачот не може да се откаже самоволно.

Според Тачи, Албанците во Македонија се заморени од деградирањето на нивните политички и економски права, условите за живот, застојот во процесот на интеграција во ЕУ и НАТО за што тој ја обвини владејачката ДУИ.

- ДПА постојано е цел на напади, и од албански и од неалбански центри, кои неретко корумпираат членови на ДПА што потоа ги злоупотребуваат, но ДПА нема да попушти и да се растури поради тоа, зашто партиите ја чинат луѓето што ја поддржуваат и веруваат во нејзината програма, рече Тачи во својот говор.

Пред паузата на конгресот делегатите ја усвоија програмата на ДПА со која се реафирмира политичката платформа од 12 точки за нов договор помеѓу Македонците и Албанците, ги усвоија измените на Статутот со што на потпретседателите и генералниот секретар им се овозможува реизбор на функцијата по четири години, а ги изгласаа и 70-те членови на Централниот одбор како највисок партиски орган помеѓу два конгреса и членовите на Надзорниот одбор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...