кај тетовско Сараќино

Во водите на Вардар пронајдено телото на жена

Тетово, 13 октомври 2014 (МИА) - Денеска околу 10 часот во водите на Вардар покрај тетовското село Сараќино пронајдено е безживотното тело на 21-годишната Сабина Алити  од ова село. Го пронашол нејзиниот 22-годишен сопруг Зулхан и други роднини, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. 

Ноќеска половина час по полноќ тие во Полициското одделение Групчин пријавиле дека таа вечерта околу 19 часот заминала од домот во непозната насока.

- Откако утрово го пронашле телото, го пријавиле случајот, по што јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид и го фотодокументирале случајот.  По наредба на јавен обвинител телото денеска ќе биде предадено за обдукција, по што поконкретно ќе се знаат причините за нејзината смрт. Во координација со јавен обвинител се расветлуваат сите поединости- кога, како и зошто се случила смртта и друго, изјави Јосифовски.

Од семејството  велат дека за последен пат ја виделе Сабина синоќа околу 19 часот откако Зулхан се вратил од работа како надничар. Таа останала надвор од куќата додека тој се миел внатре, но кога излегол Сабина ја немало. Веднаш започнале да ја бараат, но откако по повеќечасовна потрага не ја нашле, нејзиното исчезнување половина час по полноќ го пријавиле во полиција.
Роднините  велат дека постојано контактирале со нејзиното семејство кои биле во Германија и оти и таа требало да извади пасош и да заминат таму заедно со маж со кого го очекувале нивното прво дете.

Откако нејзиното тело било пронајдено денеска на увид излегле екипи на полицијата, јавното обвинителство и лекар по судска медицина кои го презеле телото на починатата  за обдукција со цел  утврдување на точните причини за смртта на Сабина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...