Македонските војници дел од бројни мировни мисии

Белград, 20 октомври 2014 (МИА) - Регионот располага со обучени војници и офицери кои имаат големо искуство, и затоа ние ги разгледуваме модалитетите како заеднички или поединечно да го зајакнеме учеството во мировните операции на Обединетите нации. Армијата на Република Македонија има голем број војници кои биле дел од мировните операции во Авганистан, Ирак, Босна и Херцеговина и Либан. Наша цел се заштита на мирот и безбедноста во глобални рамки и затоа ја разгледуваме можноста како во иднина да продолжиме со учеството во мировните операции предводени од ОН.

Ова го истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски на отворањето на дводневата регионална конференција за Зголемено учество на земјите од Западниот Балкан во мировните операции на Обединетите нации во Белград.

Тој посочи дека безбедноста и просперитетот во глобални рамки зависат од ефективниот мултилатерален систем и затоа, додаде, ОН претставуваат еден од главните актери на меѓународната безбедносна сцена.

Јолевски се осврна и на досегашното учество на Македонија во мисиите за поддршка на мирот, како потврда дека земјава активно контрибуира кон етаблирањето на мирот и демократијата во светски рамки.

Првиот заменик на премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, како и потсекретарот за мировни операции на ОН, Харве Ладсу, во своите обраќања пред присутните истакнаа дека мировните мисии се централна активност на ОН за одржување на мирот и безбедноста. Западен Балкан многу бргу се трансформираше од примател во контрибутор кон светскиот мир и безбедност, заклучија говорниците.

На конференцијата учествуваат над 120 високи претставници на земјите од Западниот Балкан, односно од Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, земјите партнери, меѓу кои и САД, Германија, Франција, Норвешка, Кина, Русија и меѓународните организации како Обединетите нации, Европската унија и НАТО.

Тркалезната маса која е во организација на Одделот за мировни операции на Обединетите нации, Интернационалниот мировен институт, во соработка со Република Србија и Канцеларијата на ОН во Белград има за цел на едно место да ги донесе високите претставници на земјите од Западен Балкан и високите официјални лица на Обединетите нации и партнерите, како начин да се развие дискусија за идниот придонес на земјите од регионот во мировните мисии на ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...